Арсенал покажува сериозен интерес за турскиот репрезентативец и капитен на Феенорд Оркун Кокчу.
22-годишниот фудбалер за врска играодлично оваа сезона и го води холандскиот гигант кон титулата во Холандија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тој го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Арсенал сака да ја победи конкуренцијата, бидејќи Кокчу е голема желба на тренерот Артета.
Оркун Кокчу е роден во Холандија, потекнува од младинската школа на Феенорд и досега целата негова кариера ја мина во тој клуб, со 166 настапи, 32 гола и 25 асистенции.
Феенорд сигурно нема лесно да се откаже од него, но Арсенал спрема богата понуда, а самиот фудбалер смета дека сега е идеален момент за чекор напред но кариерата.