Дома Трансфер зона Арсенал го претстави и 5-то засилување

Арсенал го претстави и 5-то засилување

Активното трансферно лето на новиот менаџер на Арсенал, Унаи Емери продолжува со ангажманот на Матео Гендузи, кој доаѓа од францускиот второлигаш Лориен.

19-годишниот играч за врска е 5-то засилување за „топџиите“ ова лето и за него Арсенал ќе плати 8 милиони фунти.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Гендузи е продукт на школата на ПСЖ и веќе играше за сите младински категории на француската репрезентација. Денес и официјално беше претставен на „Емирати“ каде ќе го носи дресот со број 29.

„Матео е исклучително талентиран фудбалер и за него имаше интерес од многу клубови ширум Европа. Располага со огромен потенцијал“, изјави Унаиу Емери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…