Дома Фудбал Англија Арсенал во целост станува „американски“ клуб?

Арсенал во целост станува „американски“ клуб?

Човекот кој има најголеми акции во Арсенал, Стен Кронке се понудил во целост да го превземе англискиот гигант.

Според договорот неговата вредност би била 1.8 милијарди фунти (две милијарди евра).

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Компанијатаод САД на Кронке која поседува 67% се понудила да ги откупи и останатите 30% од компанијата на Усманов.

Во соопштението објавено преку лондонската берза комапнијата на Кронке наведува дека кога клубот би имал еден сопственик би се подобрила клупската стратегија и би можел побрзо да делува.

„Ние со нашата компанија испративме понуда со коај би станале 100% сопственици на Арсенал“, изјави Кронке и додаде дека ја цени посветеноста на Усманов и познатата „етика“ и историја на клубот.

Компанијата на Кронке поседува тим од НФЛ Л.А Ремс, тим од НБА Денвер Наџентс, тим од НХЛ Колорадо Аваланш и тим од МЛС Колорадо Рапидс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кристијано Роналдо нешто не успеа за првпат после 16 години

И тој е само жив човек, би рекле некои во негова “одбрана” поради тој “п…