Арсенал е силно заинтересиран за 20-годишниот напаѓач на Гент, Џонатан Дејвид, пренесуваат англиските медиуми.
Се очекува на лето „топџиите“ да останат без својот најдобар голгетер, Обамејанг, па поради тоа се во потрага по напаѓач кој ќе биде замена за Габонецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Обамејант на лето ќе влезе во последната година од договорот и не сака да ја продолжи соработката бидејќи е спремен да ја промени средината и да игра во Лигата на шампиони.
Дејвид оваа сезона блеска во дресот на Гент и постигна 23 гола на 39 меча, па го привлече вниманието на многу европски гиганти како Манчестер Јунајтед, Челзи и Тотенхем.
Сепак, Арсенал е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот менаџер. Младиот Канаѓанец би можел да се пресели на „Емирати“ за сума од 18 милиони фунти.
Jonathan David recent form for @KAAGent:
— FootballTalentScout – Jacek Kulig (@FTalentScout) February 27, 2020
vs Mouscron ⚽️⚽️
vs Genk ?️
vs Mechelen ⚽️
vs Anderlecht ⚽️
vs Eupen ⚽️⚽️
vs Roma ❌
vs St. Truiden ⚽️⚽️⚽️
vs Roma ⚽️
20 years of age. One of the most talented strikers in Europe. pic.twitter.com/SfvGRD8Lvi