Дома Фудбал Ариго Саки: Умре кралот од Каталонија, Европа ќе добие нов владетел!

Ариго Саки: Умре кралот од Каталонија, Европа ќе добие нов владетел!

Легендарниот италијански стратег, Ариго Саки смета дека ерата на Барселона е завршена и дека сега друг клуб ќе владее во европскиот фудбал.

Ариго Саки предизвика лавина реакции со интервјуто кое го даде за „Газета дело Спорт“, а во кое јасно прецизира дека дебаклот кој го доживеала Барселона во Париз значи умирање на фудбалскиот крал во Европа.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Умре фудбалските крал од Каталонија, умре Барселона. Сега има еден друг клуб кој ќе владее во Европа, тоа е Реал Мадрид. Има и други тимови кои можат да дојдат до тронот, меѓу нив би го сместил и Јувентус кој изгледа навистина силно“, смета Ариго Саки.

„Веќе подолго време, Барселона не е Барселона. Лесно ги победуваат малите тимови, но се мачат со силните. Повеќе не го гледаме оној амбициозен, организиран и агресивен тим на кој се восхитувавме 10 години, кој прикажуваше прекрасни партии. Тие делеа фудбалски лекции низ целиот свет. Но тоа сега е завршено“, заклучи легендарниот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Истиот судија, иста ситуација – Сити доби гол, а на Ливерпул му го поништија (Фото)

Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Арне Слот, беше самокритичен по тешкиот пораз од Манч…