Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Аргентиците се спремаат за пенали

Аргентиците се спремаат за пенали

Аргентинската репрезентација во групната фаза прикажа игра под очекувањата, но сепак успеа да се пласира во осминафиналето каде за противник ќе ја има селекцијата на Франција.

Селекторот Хорхе Сампаоли, сака да ја подготви неговата екипа за сите опции пред осминафиналниот натпревар, па „гаучосите“ денес тренираа изведување на пенали.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тројцата голмани Франко Армани, Вили Кабаљеро и Нахуел Гузман пред денешниот тренинг на барање на селекторот бранеа пенали.

Енцо Перез ги обнови тренинзите со аргентинскиот тим после малата повреда и најверојатно ќе биде спремен за утрешниот меч.

Аргентина во осминафиналето ќе се соочи со Франција, а натпреварот се игра утре во16:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Барселона започнува операција “Бастони”

Барселона веќе ја планира следната сезона со јасни цели. Постои целосен консензус помеѓу с…