Аргентина претрпе шокантен пораз од Саудиска Арабија на стартот на Светското првенство, иако имаше предност на полувреме (1:3).
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лео Меси го постигна првиот гол на мечот од пенал во 10-та минута.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За Меси тоа беше седми гол на Светските првенства за Аргентина, а пред него сега се само Габриел Батистута со 10 гола и Диего Марадона со 8.
Меси исто така со 35 години и 151 ден стана вториот најстар стрелец за Аргентина во историјата на Мундијалите, а стана петти играч кој ги тресеше мрежоте на четири различни Светски првенства.
Пред него тоа го направиле само Пеле, Уве Зелер, Мирослав Клосе и Роналдо.