Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Аргентина бара од Меси да не игра за Барселона

Аргентина бара од Меси да не игра за Барселона

Според многумина, Барса ја завршува оваа сезона викендов со финалето во купот против Севиља во Мадрид. Тоа е шанса да се освои двојната круна.

Каталонците се први на табелата во Примера, имаат 12 бодови повеќе во однос на Атлетико и натпревар повеќе, па тешко е да се поверува дека исходот на крајот ќе биде друг. Ги чека Ел Класико кој е резултатски безначаен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Она што се споменува како идеја во Аргентина е Меси да му соопшти на Валвреде да го одмори во мај за да може што повеќе време да се спреми за Мундијалот.

Барселона нема причина да го форсира Лео, а тој би можел да се концентрира на веројатно последниот Мундијал во кариерата.

Оскар Руџери кој го освои СП во 1986 година рече дека тимот бил заедно 65 дена, дека Марадона го дочекал првенството спремен и дека одморот на Меси би можел да биде клучен како на Диего во 1986.

„Ова е негов Мундијал, ова е негова шанса да стане поголем од Марадона. Клубот треба да го поштеди, затоа што ништо нема да се случи ако не би играл во последните три недели од сезоната.“ – рече Руџери.

Оваа идеја има поддршка и од аргентинскиот сојуз, но нормално последниот збор ќе го има Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…