Дома Фудбал Анчелоти: Ја пронајдовме вистинска позиција на Асенсио

Анчелоти: Ја пронајдовме вистинска позиција на Асенсио

Фудбалерите на Реал Мадрид вчера вечер со убедливи 6:1 ја декласираа Мајорка, а еден од хероите на натпреварот беше Марко Асенсио кој постигна хет-трик.

Одличниот настап на Асенсио кој се мачеше да пронајде констатна форма ја коментираше тренерот на екипата Карло Анчелоти.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Беше тоа прв хет-трик во кариерата на Асенсио, но 25-годишникот не ги славеше затоа што Мајорка е негов поранешен клуб.

„Добро го отворивме натпреварот и малку го променивме пристапоит. Бевме агресивни, а тоа беше нешто за кое зборувавме. Играчите кои не настапуваа на тој начин често беа спремни, тоа е добар знак“.

„Асенсио многу добро се снаоѓа на позицијата на која беше против Мајорка – помеѓу линиите. Тој може да му направи многу проблеми на противникот, одлично комбинира со напаѓачите, но има и одличен шут. Мислам дека тоа е позицијата на која треба да игра“, изјави Анчелоти.

Наредниот натпревар Реал Мадрид го игра во сабота исто така во Ла Лига, а ривалк ќе им биде Виљареал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како пропадна веќе договорениот голем транфер на Ливерлул, една закана била клучна!

Ливерпул, шампионот на Англија, направи неколку извонредни трансфери ова лето, а очекуван …