Дома Топ вести Анчелоти стави крај на шпекулациите: Донесена е одлука за иднината на Азар!

Анчелоти стави крај на шпекулациите: Донесена е одлука за иднината на Азар!

Еден Азар никако да ги исполни очекувањата во изминатите три сезони во дресот на Реал Мадрид, Белгиецот постојано се повредува и не успева да влезе во натпреварувачки ритам.

Меѓутоа сезонава и кога беше фит не добиваше многу прилика од Карло Анчелоти затоа што Винисиус Жуниор игра во фантастична форма. Азар во Реал Мадрид е три сезони и во тој период одигра само 47 натпревари и во нив најчесто влегуваше од клупата за резерви.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


И покрај таквата ситуација италијанскиот стратег најави дека Азар и наредната сезона ќе биде играч на Реал Мадрид.

„Еден Азар ќе остане во Реал Мадрид и следната сезона. Имаме план и верувам дека ќе го покаже својот квалитет“, изјави Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…