Барселона го декласира Реал Мадрид со 0-4 на „Бернабеу“ во првото Ел Класико оваа сезона, а Карло Анчелоти не ја криеше нервозата покрај аут линијата.
Тој најпрво влезе во расправија со тимот на Ханзи Флик, а после последниот свиреж како фурија избега во соблекувалната.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„При прославата на четвртиот гол, се случи нешто со асистентот, а не со Ханси Флик. Помошникот на Флик не се однесуваше како господин и затоа бев лут“, откри Анчелоти.
„Задоволен бев од нашата игра во првото полувреме. Очигледно е дека ова сега е силен удар за нас. Морам да им се заблагодарам на навивачите кои останаа со нас до крајот. Се натпреварувавме добро 60 минути, но последните 30 минути треба да ги заборавиме“, изјави Анчелоти.