Дома Фудбал Анчелоти има план како да ја спаси кариерата ја Азар

Анчелоти има план како да ја спаси кариерата ја Азар

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти планира следната сезона да го користи Еден Азар како „лажна деветка“.

Според „АС“ целта е да се спаси кариерата на Азар на „Сантиаго Бернабеу“, но и во тимот да има замена за Карим Бензема.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Анчелоти бара алтернатива за Бензема, бидејќи Јовиќ заминува, па верува дека Азар може добро да одговори на напаѓачката позиција како „лажна деветка“.

Азар пак откако пристигна во Реал во 2019 година е само бледа сенка на фудбалерот кој беше во Челзи, најмногу поради честити повреди.

Во моментов Реал нема донесено нов напаѓач, а Бензема иако игра во фантастична форма сепак има 35 години и треба да добива повеќе одмор, а Анчелоти смета дека Азар добро ќе го замени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Лондон бесни: Ова е една од најголемите неправди во историјата на фудбалот!

Претседателот на Кристал Палас, Стив Периш, изрази жестока критика кон одлуката на УЕФА да…