Легендата на Ливерпул, Стив МекМанаман вели дека Кјеран Тирни би можел еден ден да заигра за Реал Мадрид, откако шпанскиот гигант покажа интерес за услугите на талентираниот фудбалер.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Шкотскиот интернационалец досега настапи на 82 меча за „топчиите“ откако пристигна од Селтик во 2019 година.




Реал Мадрид планира да тргне по потписот на Тирни следното лето, а според МекМанаман тоа би бил вистински потег од страна на шпанскиот гигант.




„Би бил изненаден ако тргне Реал Мадрид по услугите на Тирни. Тој е одличен фудбалер и би бил многу добар во Реал Мадрид, иако сметам дека Анчелоти има подобри избори. Во минатото за Реал играа легенди како Роберто Карлос, Марсело и сега Ферланд Менди“, вели МекМанаман.