Дома Фудбал Англија Антифановите на Ливерпул го слават момчето кое го „урочи“ Клоп (фото)

Антифановите на Ливерпул го слават момчето кое го „урочи“ Клоп (фото)

Тимот на Ливерпул имаше имперсивна сезона и немаше ниту еден пораз до пред три недели, а од тогаш почна да реди порази во сите натпреварувања.

Само до пред еден месец четата на Клоп делуваше непобедливо, па тогаш еден млад навивач на Манчестер Јунајтед од Ирска му испрати писмо на Клоп.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Драг Клоп. Ливерпул многу победува. Ако победите на 9 натпревари во низа ќе имате најдолга низа на непобедливост во историјата на англискиот фудбал. Бидејќи јас сум фан на Манчестер Јунајтед тоа ме прави тажен. Ве молам да изгубите на следниот натпревар. Треба само да му доволите на противникот да ве победи. Се надевам дека ве убедив да не ја освоите лигата или барем да не победувате повеќе“, гласеше писмото на 10-годишното момче.

Медиумите на Островот се шегуваат дека младиот фан го „урочил“ тимот на Клоп, кој од тогаш беше елиминиран од ФА Купот и Лигата на шампиони.

Навивачите на Манчестер Јунајтед го слават својот млад фан кој му ја „уништи“ сезоната на Клоп, но „црвените“ сепак ќе можат да се утешат со титулата во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ го прегази Реал Мадрид за пласман финале

Европскиот клупски шампион Пари Сен Жермен го победи со 4:0 Реал Мадрид во второто полуфин…