Дома Фудбал Останато Анри знае како играчите на Арсенал можат да му се оддолжат на Венгер

Анри знае како играчите на Арсенал можат да му се оддолжат на Венгер

По 22 години на тренерската клупа на Арсенал, Арсен Венгер одлучи на крајот од сезоната да го напушти лондонскиот клуб.

Венгер во Арсенал пристигна 1996. година и за само неколку сезони го препороди клубот. Арсенал со францускиот стратег освои 17 трофеи, а од нив се издвојуваат три титули шампион на Англија. Сепак, во последно време на Арсенал не му оди баш најдобро и Венгер донесе одлука дека е време за разделба.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот напаѓач на оваа екипа, Тиери Анри се огласи веднаш откако што дозна дека Венгер си заминува. Анри остави длабок белег во Арсенал, но сите заслуги му одат на Венгер кој е најзаслужен што овој француски стратег пристигна во овој клуб. Анри им порача на играчите на Арсенал дека до крајот на сезоната треба на вистински начин да му се заблагодарат на тренерот со осојување на Лигата на Европа.

„Она што тој го направи е недопирлово. Тренерите, навивачите и останатите играчи на тимовите со години зборуваат за тоа како Арсен го препороди Арсенал. Среќен сум што можеме да зборуваме за сето тоа што го направи. На играчите сакам да им порачам да го дадат својот максимун во Лигата на Европа и да се обидат да го освојат трофејот. Тоа би било совршено во заминувањето на големиот тренер“, изјави Анри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алегри сака да се врати во Милан

Масимилиано Алегри на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Јувентус бидејќи раков…