Дома Фудбал Англија Англичаните го исмејуваат бизарното правило на ВАР

Англичаните го исмејуваат бизарното правило на ВАР

Oд влегувањето во фудбалот ВАР предизвика големи контроверзии, но сепак треба да се признае дека е исклучително корисен.

Бројот на грешките се намали, судиите и понатаму знаат да оштетат одредени тимови, но сепак ВАР овозможи тие грешки да бидат поправени и на крај да донесат исправни одлуки. На играчите тренерите и навивачите често им смета што со ВАР се губи одредена страст бидејќи кога ќе постигнете гол не можете да бидете сигурни дали истиот е регуларен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Но, во ВАР постои и едно бизарно правило кое засега не се споменуваше толку.

Имено правилото вели – ако еден играч или тренер влезе во видео операционата сала (ВОР) во која се наоѓаат одговорните луѓе за функционирањето на ВАР ќе биде автоматски исклучен.

Што е тука бизарно?

Имено, седиштето на ВОР во англиската Премиер лига е сместено во западен Лондон во „Стокли Парк“. Тоа би значело дека на играчите од некои стадиони би им биле потребни неколку часа за да дојдат до оваа сала.

Седиште најблиску се наоѓа до стадионот на Челзи кој е оддалечен нешто повеќе од 10 километри, но не е возможно некој играч да се одлучи да тргне и да се буни во ВОР ако смета дека ВОР погрешил.

Сепак, правилото постои…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Класата е вечна: Ромарио е мајстор и на 58 години 🎥

Легендарниот бразилски фудбалер Ромарио се врати на тренинзите на 58 години, речиси две де…