Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Англиските ЛЕГЕНДИ едногласни: Панама играше лошо, или пак, Англија беше брилијантна?!

Англиските ЛЕГЕНДИ едногласни: Панама играше лошо, или пак, Англија беше брилијантна?!

Англиските легенди и некогашни репрезентативци не го криеја воодушевувањето што нивната репрезентација моментално игра на Мундијалот.

Герет Саутгејт очигледно одлично го вклопи тимот кој „решета“ се пред себе.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англичаните го решија дебитантот на Мундијалот со :1, и тоа на полувреме беше 5:0.

Хари Кејн постигна хет-трик и на тој начин изби на чело на листата на стрелците. Два погодоци постигна Стоунс, а и Лингард уште ја затресе мрежата за Англичаните. Утешен, но многу важен гол за Панама постигна Балој, а навивачите на Панама се радуваа како да го освоиле Мундијалот.

Кога почна студиото, сите 3 легенди имаа само пофални зборови за нивната репрезентација.

„Блексаво. Тоа беше прекрасен меч од почетокот до крајот. Се што посакувавме, тоа го содржеше овој меч“, истакна Ширер.

„Игравме брилијантно, направивме се што можеше да се побара. Панама не е на нивото на кое очекувавме, но вие имате обврска да дадете се од себе, а Англичаните денес тоа го направија“, додаде Лампард на она што Ширер го започна.

„Панама одигра многу лошо“, започна Рио Фердинанд.

„Трипие е еден од најпродуктивните играчи кој со своите пасови создава огромен број шанси за нашиот тим. Тој и Чик беа одлични заедно и имаат одлична комуникација“, се надоврза Фердинанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…