
Пеналот и црвениот картон не биле крај на дуелот меѓу Ламин Јамал и Елиот Андерсон на „Метрополитано“. Според шпанска „Марка“, фудбалерот на Барселона по прекршокот му се обратил на англискиот репрезентативец со зборовите „Глупав си, глупав си“, а потоа го поттикнувал побрзо да го напушти теренот.
Инцидентот се случи при убедливо водство на Англија од 3:0 против Шпанија. Јамал му ја одзеде топката на Кванса и тргна сам кон голманот Трафорд. Андерсон го стигна одзади, го фати и го собори, по што судијата покажа на белата точка и директно го исклучи англискиот играч за врска.
Токму реакцијата на Јамал откако стана од тревата го привлече вниманието на „Марка“. Весникот наведува дека младиот напаѓач неколкупати ја повторил навредата кон противникот, пред да побара тој да излезе од игра.
Англија сепак ја сочува победата и славеше со 3:2 во Мадрид. Хари Кејн, Езри Конса и Бен Вајт ја создадоа предноста од три гола за селекцијата на Томас Тухел, додека Микел Ојарзабал и Нико Вилијамс ја вратија неизвесноста.
Шпанците не успеаја целосно да ја надоместат негативата, па натпреварот од шестото, последно коло во третата група од елитната дивизија на Лигата на нациите заврши со гостински триумф.
Фото: Index.hr