Манчестер Јунајтед наводно на лето ќе ипрати понуда од 70 милиони евра за младиот Џејдон Санчо да го врати од Борусија Дортмунд во Англија.
Овој млад играч игра одлично во дресот на Борусија, за кој во 33 настапи по доаѓањето од Манчестер Сити постигна осум гола и запиша осум асистенции. 18-годишниот играч заработи многу пофалби од голем број на тренери, а последен кој го пофали беше тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Санчо наводно е следен од многу клубови, но за сега најсериозен кандидат за неговото доведување е Манчестер Јунајтед. Дортмунд ги извести сите заинтересирани клубови дека овој играч нема да го продаде под 70 милиони евра, а Јунајтед е подгтовен да понуди токму толку.
Иако Гвардиола се обиде да го задржи овој млад играч, тој одлучи да си оди во Борусија Дортмунд и изгледа дека не погреши.