Дома Фудбал Англија Англискиот второлигаш одбил да го донесе Ван Перси бидејќи е престар

Англискиот второлигаш одбил да го донесе Ван Перси бидејќи е престар

Малку недостасувало холандскиот напаѓач, Робин Ван Перси оваа зима да се врати во англискиот фудбал по две и пол години поминати во Турција.

Искусниот 34-годишник на крајот се смести во родниот Феенорд, а пред договорот со клубот од Ротердам имаше неколку опции кои му биле понудени. Имало опција и да се врати во Англија, го сакале некои клубови, но Астон Вила дефинитивно не била еден од нив. Ван Перси бил понуден на славниот клуб од Бирмингем, кој одбил да го ангажира од причина дека е премногу стар за нивниот тим.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Вистина е дека Ван Перси сакаше да дојде, дури беше и реално да го направиме тој трансфер. Имавме можност да го ангажираме Ван Перси, а знаете дека не се случува секој ден да се нудат големи играчи. Меѓутоа, многу размислувавме и донесовме одлука да не го донесеме. Нашата политика е таква што не не интересираат играчи постари од 30 години и проценивме дека подобро е трансферот да не се случи. Му посакуваме среќа во продолжението од кариерата“, изјави тренерот на Астон Вила, Стив Брус.

Инаку, Астон Вила оваа сезона се натпреварува во Чемпионшип каде што по 28 одиграни кола го завзема четвртото место на табелата со 50 бода и има серија од четири последователни победи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона е елиминирана, но вистинската приказна дури сега почнува: Се подготвува големо лето и три важни засилувања

Барселона го заврши својот пат во Лигата на шампионите и покрај победата против Атлетико М…