Дома Македонски спорт Мак фудбал Ангеловски: Одиме на ЕП со желба да се надигруваме

Ангеловски: Одиме на ЕП со желба да се надигруваме

Селекторот Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери кои ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство.

Во составот на македонската репрезентација се 26 фудбалери. Младите Милан Ристовски и Дарко Чурлинов се најдоа на списокот, а како трет голман е повикан Ристе Јанков. 


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


„Ристовски, Чурлинов и Јанков се нашата иднина, затоа се на нашиот список. Со својот квалитет јас сметам дека можат да придонесат во А тимот и да соберат искуство, бидејќи очекувам во наредните години да бидат стандардни првотимци. Жалам за отсуството на Илија Несторовски, со нас е пет години и вредно работеше со сите нас да се пласираме на Европско првенство. Сепак, верувам во останатите играчи и дека без проблем ќе го дополнат неговото отсуство“, истакна Ангеловски.

„Одиме со желба за надигрување и ќе ја грабнеме секоја шанса за позитивен резултат и пласман во втората фаза. Јас прв верував во играчите и очекувам максимум од нив на секој натпревар. Првиот собир е на 25 мај, со тренинзи стартуваме ден подоцна, а според УЕФА регулативите, закажавме и уште еден тест против Казахстан на 4. јуни. Ги анализираме и противниците, со Австрија игравме и иако двапати не совладаа, ќе се обидеме да научиме од тие грешки, Украина исто така е многу квалитетна селекција, знаеме дека Шахтјор Доњецк двапати го победи Реал Мадрид, а таму има многу украински репрезентативци. На крајот одиме во Амстердам во Холандија со надеж дека повторно би можеле да се вратиме во Романија, ако ја минеме првата фаза“, изјави селекторот Игор Ангеловски.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Брестовац нема да чека долго – веќе е пред нов ангажман!

Поранешниот селектор на Македонија, Данило Брестовац брзо пронајде нов ангажман откако се …