Дома Фудбал Лига на шампиони Анализа и можни состави: Ќе ги искористи ли Интер проблемите на Реал?

Анализа и можни состави: Ќе ги искористи ли Интер проблемите на Реал?

Интер е домаќин на Реал Мадрид во дербито на денот во среда од Лигата на Шампиони. Меч кој привлекува големо внимание и меч во една доста интересна група, каде двете екипи се на последните две места на табелата и се пред императив да освојуваат бодови.

Конте бара пресвртница на сезоната

Катастрофалниот старт на сезоната на Интер се чинеше дека ќе продолжи кога викендов играа со Торино, додека гостите водеа со 0:2 до 62-та минута.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сепак, застрашувачките напаѓачки опции на Антонио Конте ја свртеа играта Алексис Санчез, Лаутаро Мартинез и двата на Ромелу Лукаку обезбедија победа од 4:2 во можеби нивниот најинтересен натпревар сезонава.

Како и да е, Конте допрва треба да биде сведок на неговиот поход кон Европа. Сакаше реприза од сезоната во 2010 година кога Интер стана шампион – нескромно пред стартот на сезоната најавуваше нешто такво но во моментов Интер е последен на табелата со две ремија и пораз.

По двете стартни ремија со Менхенгладбах дома и Шајхтор на гости, интер минатото коло загуби од Реал на гости со 3:2. Мислам дури ниту приврзаниците на Борусија Менхенгладбах или Шахтјор Доњецк не можеа да предвидат дека нивните клубови ќе ги заземаат првите две места пред четвртото коло додека европските гиганти Интер и Реал се на четвртото и третото место.

На последните девет натпревари Интер има само две победи и од таа гледна точка тешко е да се надеваат на победа против тимот од Мадрид, но Интер игра дома и ако одигра н анивото како во Мадрид каде беше рамноправен, моѓе да се очекува се од овој меч.

Зидан се соочува со големи проблеми

Ниту Реал не е на потребното ниво сезонава. Како и Интер, така и тие се мачат сезонава и играат топло-ладно. Така, на последните осум натпревари имаат три победи, три порази и две ремија. На последните две средби загубија од валенсија со 4:1 и одиграа реми со Виљареал 1:1 пред неколку дена.

Овој пат Реал ќе има тешка задача, бидејќи ќе биде видно ослабен во Милано. Зидан нема да може да смета на Рамос и Милитао во одбраната, на Бензема и Јовиќ во нападот како и на Валверде од средината ( единствено постои можност за настап на Бензема ). Со вакви отсуства тешко ќе биде да се добие Интер во Италија. Зидан не бара алиби и најави дека тимот со кои ќе настапи е доволно квалитетен да освои бодови во Милано, но не потенцираше дали и со еден бод ќе биде задоволен. Јас мислам дека Реал ќе биде претпазлив и многу поважно ќе му биде да не загуби на овој меч. Ќе има поправен до крајот со мечевите против Шајхтор во Украина и против Менхенгладбах дома.

Можна почетна постава на Интер:

3-5-2 – Хандановиќ; Шкриниар, Бастони, Де Вриј; Хакими, Барела, Видал, Галјардини, Перишиќ; Мартинез, Лукаку

Можна почетна постава на Реал Мадрид:

4-2-3-1 – Куртоа; Карвахал, Варан, Начо, Менди; Касемиро, Крос; Асенсио, Иско, Хазард; Мариано ( Бензема )

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ричарлисон: Сакав да се откажам од фудбалот по Светското првенство

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон (26) има добра сезона за Тотенхем. Пред еден месец го запре…