Во дербито на денот во Лигата на Шампиони, Реал Мадрид е домаќин на Интер. Ќе биде ова интересен меч, дуел кој привлекува големо внимание во Европа и дуел кој може да го катапултира евентуалниот победник во следната фаза, особено што двете екипи се на последните две места на табелата во групата.
Реал по две кола е последен на табелата
Избраниците на Зинедин Зидан беа уверени дека ќе стартуваат со победа сезнава во Лигата на Шампиони, но тие претрпеа пораз од украинската екипа со 2:3 на 21-ви октомври и покрај тоа што гостите беа без голем број клучни играчи поради епидемија на коронавирусот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
И Менхенгладбах имаше проблеми со тимот, но водеше со 2:0 минатата недела во Германија, пред Реал Мадрид во самиот финиш д аги постави конечните 2:2 и да го освои првиот бод.
Сега и Интер има проблеми со составот, а фудбалските експерти на шега велат дека тоа можеби е предност з аиталијанците, а не за Реал.
Мадрид е на дното со еден бод, но сепак има големи шанси за пласман во нокаут фазата – впрочем ако не успеат во тоа, тоа ќе биде најголемо рафзочарување за екипата во последните неколку сезони. Во овој меч влегуваат по победата над Хуеска со 4:1 во саботата, што ги остави на врвот на Ла Лига со 16 бода од нивните седум натпревари.
Мадриѓаните всушност загубија во осминафиналето во последните две сезони, но тие се најуспешниот тим во историјата на ова натпреварување – освојувајќи 13 трофеи и ќе бидат решени да издвојат победа пред тешкото патување во Италија во нивниот следен европски судир на крајот на ноември.
Интер игра топло-ладно сезонава
Ниту Интер, кој стигна до финалето минатата сезона во Лига Европа, не е нешто подобар сезонава во Лигата на Шампиони. И тие одиграа 2:2 против Менхенгладбах во првото коло на домашен терен, за минатата недела да одиграат без голови во Украина кај Шајхтор.
Тимот на Антонио Конте сега се соочува несомнено со нивните два најтешки натпревари во оваа серија и разочарувачки резултати во двомечот со Реал Мадрид би извршиле сериозен притисок врз нив пред нивните последни два натпревари во групата – гостувањето кај Гладбах и дуелот на домашен терен со Шахтјор во декември.
Интер, ќе влезе во мечот по ремито 2:2 со Парма во Серија А во саботата, што ги остави на петтата позиција на табелата, со три победи, две ремија и еден пораз.
Италијанскиот гигант всушност победи само на два од последните 12 натпревари во Лигата на шампионите, претрпејќи пет порази, додека нивните последни две кампањи во ова натпреварување завршија во групната фаза.
Прв меѓусебен дуел по 20 години
Ова ќе биде првпат Интер да се соочи со Мадрид во кое било европско натпреварување по групната фаза од Лигата на шампионите во сезоната 1998-1999, кога Интер на домашен терен победнија со 3:1, па претрпеа пораз од 2:0 на Бернабеу.
Мадрид повторно ќе биде без услугите на Начо, Мартин Одегард и Дани Карвахал, додека Алваро Одриозола можеби ќе биде спремен за настап.
Едер Милитао нема да биде вклучен во составот поради позитивен тест за коронавирус.
Што се однесува до Интер, Ромелу Лукаку нема да може да настапи поради повреда. Постои мала шанса да биде на клупата, но тешко е да се верува во тоа. Повредени се и Сенси и Вечино.
Можен почетен состав на Реал Мадрид:
4-3-3 – Куртоа; Менди, Варан, Рамос, Марсело; Крос, Касемиро, Валверде; Азар, Бензема, Асенсио
Можен почетен состав на Интер:
3-5-2 – Хандановиќ; Д’Амброзио, Де Вриј, Бастони; Хакими, Барела, Брозовиќ, Видал, Перишиќ; Санчез, Мартинез