Рубен Аморим за последен пат го предводеше Спортинг од клупата, а на збогувањето со клубот во кој се етаблираше како тренер забележа победа од 4:2 над Брага, по големиот пресврт во вториот дел.
Спортинг до овој натпревар имаше нереален настап во сите натпреварувања, десет последователни победи во домашната лига и десет бода од максималните 12 во Лигата на шампионите.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Сепак, се чини дека во Брага беа мотивирани против човекот кој порано работеше во овој клуб и тоа пред да го преземе тимот од Лисабон.
Поведоа со голот на Рикардо Хорта во 20. минута, со многу среќа, по нешто послабата интервенција на гостинската одбрана.
Истиот играч во последната минута од полувремето круниса контранапад со уште еден гол, и се чинеше дека одличната серија на Спортинг е при крај.
Но, во 58. минута Морита успеа да го намали водството на Брага, а во 82. минута холандскиот играч за врска Хјулманд постигна одличен гол за израмнување.
Седум минути подоцна, по уште еден прецизен удар од далечина, Спортинг направи целосен пресврт.
Победата за збогување со поранешниот тренер ја потврди Тринкао во судиското надополнување.