Новинарите кои ги следат случувањата во НЦАА лигата, особено настапите на Универзитетот Вашингтон Стејт, се едногласни во оценките. Андреј Јакимовски работи многу добри работи на теренот на почетокот на новата сезона.
Maкедонскиот „бисер“ доби големи пофалби, но беше и потенцирано дека мора да ги намали загубените топки.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Денеска, на целата оваа ситуација со повредите, дојде и моментот кој вели дека Јакимовски играше 34. минути. Тој е највисоко оценет регрут во минатогодишната класа и прави многу добри работи на теренот. Но во моментов загубените топки се неговиот проблем. Тој има десет на последните два натпревари, и вкупно 14. од почетокот на сезоната. Овен тоа, да го играте 30 и повеќе минути во моментов е малку несигурно“- гласат анализите на оние кои се најдобро запознати со актуелниот момент во кој се наоѓаат популарните „Кугарс“, и „рукито“ во нивните редови.