Леверкузен во свој стил, како што тоа го прави цела сезона, обезбеди пласман во финалето на Лига Европа, со што си закажа и уште една борба за трофеј.
Избраниците на Алонсо ремизираа 2:2 на домашен терен против Рома и така го резервираа билетот за Даблин со 4:2.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Чаби Алонсо по натпреварот истакна дека бил свесен дека нема да биде лесно и покрај победата од 0:2 во првиот натпревар.
„Знаев дека може да има проблеми на реваншот против Рома. Губевме со 2:0, примивме два гола од ситуации кои лесно ги дозволивме кога го промашивме пеналот, но не смееме да заборавиме дека постојано создававме шанси. Ми се допадна реакцијата по 0:2 и заслуживме да играме во финалето. Минатата сезона бевме блиску, сега сме тука“, изјави Алонсо.
На 22 мај Баер ќе игра против Аталанта во финалето на Лига Европа во Даблин.
“Среќни сме што се пласиравме во финалето на Лига Европа. Ќе играме две финалиња за седум дена. Овие момци тука ги заслужуваат сите три трофеи, но Аталанта со Гасперини е многу организиран тим и нема да биде лесно“, истакна Алонсо.