Дома Останати Тенис Алкараз откри: Легендарната тенисерка му помогнала да го победи Ѓоковиќ

Алкараз откри: Легендарната тенисерка му помогнала да го победи Ѓоковиќ

Карлос Алкараз во финалето на Вимблдонј успеа да го победи Новак Ѓоковиќ и така му го одзема трофејот на српскиот тенисер кој го освојуваше во изминатите четири години.

Шпанецот ја прекина непобедливоста на Ѓоковиќ која на Централниот терен траеше повеќе од 10 години.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мислам дека многу брзо учи и впива нови работи, а гледавме толку многу играчи кои на трева се движат брзо. Ги копиравме малку Мареј, Роџер, Новак…Не беше лесно, но на крајот успеавме. Знаевме дека мора да игра на нивото на Медведев. Тој секогаш е на основната линија, а Карлос со одличен слајс може да ве натера да излезете на мрежата. Тоа беше нешто што моравме да го правиме и против Новак“, откри Хуан Карлос Фереро, тренерот на Алкараз.

Меѓутоа покрај стручниот штаб, една жена имала голема улога во триумфот на Алкараз. Имено, пред мечот со Новак, младиот Алкараз се сретнал со Мартина Навратилова која му дала клучни совети.

„Нејзините совети многу ми помогнаа. Ја сретнав по мечот и кажав дека советите кои ми ги даде беа клучни да го победам Ѓоковиќ. Многу го слајсував топчето, правев се што ми кажуваше, сепак таа девет пати го освојуваше Вимблдон, сигурно дека знае многу работи“, нагласи Алкараз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Шокантно тврдење: Алкараз намерно губел гемови

Поранешниот сопственик на неколку обложувалници во Русија, Михаел Салцман го обвини шпанск…