Дома Останати Тенис Алкараз даде јасен одговор – го прашаа што би земал од Ѓоковиќ, Надал и Федерер

Алкараз даде јасен одговор – го прашаа што би земал од Ѓоковиќ, Надал и Федерер

На само 20 години, Карлос Алкараз веќе има две грен-слем титули, последната која ја освои на Вимблдон привлече посебно внимание затоа што во финалето го победи Новак Ѓоковиќ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во интервју за „Л’Екип“, Алкараз зборуваше за тоа какво е чувството да се биде подобар од седумкратниот шампион на Вимблдон и која подлога му е омилена.

„Кога ќе го победите Ѓоковиќ во грен-слем финале се чувствувате како малку подобар играч, Можеби луѓето сега поинаку ме гледаат бидејќи малкумина се оние кои можат да го победат. Кога ќе го совладате Ѓоковиќ во финалето тоа не може да биде обичен ден. Но, мене првото место на АТП и понатаму ми е најголема цел“, изјави Шпанецот.

Новинарите го запрашаа и што би земал од Ѓоковиќ, Надал и Федерер, Алкараз беше прецизен.

„Би го земал менталитетот од Рафа, класата и движењето на Федерер и сите удари на Ѓоковиќ затоа што се неверојатни“, изјави младиот тенисер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Дали крајот е блиску? На Ѓоковиќ вакво нешто не му се случило девет години!

Новак Ѓоковиќ не доживеал ваков голем пораз на Ролан Гарос цели девет години. Српскиот тен…