Дома Фудбал Англија Алиоски во Чемпионшип како некогаш Пипо Инзаги во Италија

Алиоски во Чемпионшип како некогаш Пипо Инзаги во Италија

Tимот на македонскиот интернационалец Езгјан Алиоски игра одлично на стартот на сезоната и доколу Лидс продолжи во вакво темпо наредната сезона ќе ги гледаме во Премиер лигата. Овој тим после осум одиграни кола е лидер на табелата.

Алиоски прикажува сосема солидни настапи и од почетокот на сезоната е стрелец на четири погодоци, забележа и две асистенции.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Лидс на последниот натпревар славеше победа против Престон од 3:0, а иако Алиоски не игра лошо сепак на социјалните мрежи преовладуваат коментарите дека треба да подобри неколку сегменти во неговата игра.

Алисоки е критикуван и поради еден интересен податок. Имено тој е фудбалерот кој најмногу пати бил „фатен“ во офсајд позиција од почетокот на сезоната. До овој момент Македонецот во недозволена позиција се нашол 13 пати.

Зад него следува Брин Асомабалонга од Миделсброу (12) и Фрејзер Кембел од Хал (7).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Голеада во Штутгарт: Шпанија ја победи Франција за финале на ЛН

Актуелниот европски шампион Шпанија, со победа во луда игра над Франција (5:4), се пласира…