Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио кој често се занимава со трансферите на фудбалерите на својата веб страница објави интересна приказна.
Според Ди Марцио, англискиот второлигаш Лидс е заинтересиран за напаѓачот на Јувентус Моис Кин кој во овој момент настапува како позајмен фудбалер во редовите на Верона. Кин во редовите на италијанскиот клуб одигра 15 натпревари и постигна два погодоци, што е одличен учинок за еден 17 годишен фудбалер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Не е познато дали Лидс сакал позајмица или целосен трансфер, но Ди Марцио додава дека се сериозни во својата намера.
Како што е познато во редовите на Лидс настапува македонскиот фудбалер, Егзијан Алиоски.