Чилеанецот Алексис Санчез на почетокот на оваа година потпиша за Манчестер Јунајтед и беше најавуван како големо засилување.
Мурињо го доведе од Арсенал за 34 милиони евра, но не прикажува настапи какви што се очекуваше од него. Како што пишува каталонски „Спорт“, Санчез сака да го напушти Манчестер Јунајтед точно една година откако пристигна.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Наводно, Санчез го известил својот менаџер Фернандо Феличевич да му пронајде нов клуб. Бил понуден на ПСЖ, но тие не биле заинтересирани, па сега според информациите е свртен кон Реал Мадрид кој е во потрага по квалитетен напаѓач.
Шпанците пишуваат дека Санчез бил понуден на Реал, но дека преговорите се уште не се започнати.
Поранешниот напаѓач на Барселона и Арсенал е моментално најплатен фудбалер во Премиер лигата, па поради тоа и Манчестер Јунајтед нема проблем да се раздели со него.