Тимот на Јувентус вчера доживеа убедлив пораз од Емполи од 4:1, а овој пораз за „старата дама“ дојде веднаш по новата казна и одземените десет бода на табелата во Серија А.
Навивачите освен што се незадоволни од казната, се незадоволни и од тренерот Масимилијано Алегри. Дел од фановите на клубот од Торино бараа и оставка од италијанскиот стратег, но Алегри не помислува на такво нешто.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ако сега си заминам од Јувентус би бил кукавица. Не можам ништо да му замерам на тимот за овој натпревар во ваква ситуација“, изјави Алегри по убедливиот пораз.
Исто така и од раководството на Јувентус потврдија дека во овој момент не размислуваат за смена на Алегри и тој како што стојат работите ќе ја води „старата дама“ во наредната сезона.