Трофејниот италијански стратег, Масимилиано Алегри смета дека филозофијата на Гвардиола од времето на Барселона е исклучок и не може да се применува секаде.
„Филозофијата на Пеп беше изградена врз тројца играчи, таја не е за секого“, изјави Алегри.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Долги години гледавме што прави Гвардиола во Барселона. Меѓутоа тоа е исклучок и не може да биде правило во фудбалот. Историскиот тим на Барса се роди благодарение на тројца големи фудбалери кои вршеа висок пресинг и ги затвораа противничките дефанзивци“, објаснува Алегри.
„Меѓутоа, за да го изведеш тоа треба да го имаш Чави, Меси и Иниеста. Само тие можат да ги прават работите на тој начин. Таквата филозофија со други фудбалери е осудена на пропаст“, заклучи италијанскиот стратег.
El aniversario del único club que ha metido a tres canteranos en una misma terna final del Balón de Oro. El FC Barcelona sacó a tres de los más grandes genios que se han visto en el juego: Andrés Iniesta, Lionel Messi y Xavi Hernández. ETERNOS. pic.twitter.com/tE7tP8guOo
— Invictos (@InvictosSomos) November 29, 2019