Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри одржа конференција за медиумите, пред утрешниот натпревар од купот на Италија против Џенова.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Како и што се очекуваше новинарите го запрашаа Алегри за Паоло Дибала.
Италијанскиот стручњак одговори дека кој не трча не може да игра што е случај со Дибала, фудбалерот кој има потенцијал да биде најголема ѕвезда на Јувентус.
Ситуацијата е напната, дел од фановите сметаат и дека Бернардески заслужува шанса пред Дибала.
Целата ситуација се влоши откако беше откриено дека братот на Дибала преговорал со ПСЖ.
Сето ова ги налутило луѓето во Јувентус, па се поставуваше прашањето дали Дибала ќе добие некаква суспензија.
Сепак, Алегри потврди дека Дибала ќе игра на утрешниот натпревар.
„Утре ќе играат Бернардески, Дибала и Ругани“, одговори Алегри.