Tренерот на фудбалерите на Јувентус, Масимилијано Алегри денес откри кој според него е главен фаворит за титулата во Лигата на шампионите.
Реал Мадрид минатата година во финалето од Лигата на шампионите против Јувентус запиша победао од 4:1, а Алегри верува дека „кралевите“ можат да стигнат третата титула во низа во ова натпреварување.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Реал Мадрид е фаворит број еден. Испуштија некои бодови, но полека започнуваат да ја покажуваат вистинската сила… Против Борусија Дортмунд играа со 70% од можностите и запишаа победа“, изјави Алегри за Тутоспорт, а потоа зборуваше и уште два клуба.
„Барселона го има Лионел Меси кој прави огромна разлика. ПСЖ има фудбалери какви што се Нејмар, Килијан Мбапе, Едисон Кавани, Дани Алвеш…Според мене за реалните можности на овој тим можеме да зборуваме во март“, изјави тренерот на Јувентус.