Дома Фудбал Останато Алвеш кон Барса: Сега го исполнив ветувањето!

Алвеш кон Барса: Сега го исполнив ветувањето!

Бразилецот од редовите на Јувентус, Дани Алвеш, ужива во овие моменти на слава.

Алвеш минатото лето замина од „Ноу Камп“, после осум години и 23 освоени трофеи, дојде во Јувентус и веројатно го направи вистинскиот потег.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со „бјанконерите“ во сабота ќе има прилика да стигне до триплета, а доколку во тоа успеаа ќе биде запаметено дека на патот до врвот помина и преку Барса. „Старата дама“ во ¼ финалето ја елиминираше екипата на Барселона. Алвеш враќањето на „Ноу Камп“ го доживеа многу емотивно, а призна дек не му било сеедно да ги гледа своите поранешни соиграчи во солзи.

Нејмар толку многу плачеше што морав да го прегрнам. Во тој момент и јас пуштив солза“, искрен беше Бразилецот.

Тој не крие дека Барса и понатаму “тече“ во неговите вени, но додаде и дека никогаш нема да и прости на управата.

„Мислам дека многу згрешија со мене. Веројатно не се постапува така со некој кој поминал осум години во клубот и учествувал во големи успеси. Пред да заминам им ветив дека ќе им недостасувам, сметам дека веќе го исполнив тоа ветување“, изјави Алеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Изненадување од Островот: Алонсо повеќе не е кандидат за тренер на Ливерпул

Според последните информации од Островот, Ливерпул повеќе не е кандидат за доведување на Ч…