Дома Фудбал Репрезентации Алба разочаран: Ова е срамен пораз, жал ми е за навивачите

Алба разочаран: Ова е срамен пораз, жал ми е за навивачите

Жорди Алба кој е еден од најискусните во шпанската репрезентација не можеше да го сокрие разочарувањето после вчерашниот пораз од Швајцарија со 1:2.

Со овој пораз Шпанците си ги искомплицираа работите за пласман во финалниот плејоф од Лигата на Нации. На „Фуријата“ сега и е потребна победа во последното коло против Бугарија за да си ја остварат целта.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Имавме добра шанса и ја пропуштивме, сега треба да победиме со Португалија. Ова што се случи со Швајцарија е срамна наша изведба. Жал ни е за луѓето кои беа тука да ни дадат поддршка. Пред паузата бевме многу напнати, а противникот тоа знаеше да го искористи“.

„Во вториот дел успеавме да израмниме, но веднаш не казнија со втор гол кој дојде по уште една наша грешка“, изјави Алба.

За Шпанија овој пораз беше прв на домашен терен во официјален натпревар уште од 2003 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Чави нема да биде тренер, но ќе остане во Барселона?

Чави Ернандез минатиот месец објави дека заминува од тренерската позиција на Барселона на …