Дома Фудбал Англија Алармантно на „Олд Трафорд“: Манчестер Јунајтед на два бода од зоната за испаѓање (видео)

Алармантно на „Олд Трафорд“: Манчестер Јунајтед на два бода од зоната за испаѓање (видео)

Манчестер Јунајтед продолжува со бледите партии и лошите резултати сезонава, па после денешниот пораз од Њукасл се најде на само два бода од зоната за испаѓање.

Тимот на Солскјер одигра уште една бледа партија и беше казнет во последните дваесетина минути од мечот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Херој за Њукасл беше 19-годишниот Метју Лонгстаф, кој всушност е дебитант во Премиер лигата и го постигна победоносниот гол во 72-та минута од мечот.

„Црвените ѓаволи“ до крајот се обидуваа да го избегнат поразот, но беа хаотични и не успеаа да постигнат гол.

После овој пораз Манчестер Јунајтед се наоѓа на само два бода од зоната за испаѓање, па сериозно е разнишана позицијата на Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Спалети го сака Фратези во Јуве

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фрате…