Германски „Билд“ пренесува дека Давид Алаба би можел да го напушти Баерн Минхен на крајот на сезоната.
Алаба е дете на Баерн и во последните неколку сезони се етаблираше како еден од најдобрите бекови во Европа, притоа подеднакво добро може да игра и во средниот ред.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, според последните информации кои ги пласираше „Билд“, австрискиот репрезентативец е спремен да ја промени средината и да го напушти Минхен.
Неговиот договор истекува во 2021 година, но Алаба смета дека е време да ја промени средината и сака да се пресели во Шпанија или во Премиер лигата.
Барселона и Реал Мадрид се силно заинтересурани за неговиот потпис, иско како и Челзи и Манчестер Сити.
Германскиот весник тврди дека еден од овие четири клуба ќе биде следната дестинација на Австриецот.
However, Bild claims there is also a possiblity that Alaba would stay at Bayern in the long term to become a leader as he would be tempted by the prospect of being captain or vice captain in the future pic.twitter.com/l8NAn7uAzx
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) March 7, 2018