Дома Фудбал Англија Акција во Вотфорд: Навивачите помогнаа да се очисти снегот и добија одлични награди

Акција во Вотфорд: Навивачите помогнаа да се очисти снегот и добија одлични награди

Фудбалерите на Вотфорд денеска на домашен терен играат против ВБА во рамките на 29. коло од англиската Премиер лига.

Многу лошото време кое преовладува во Европа последните денови направи големи проблеми и во Англија. Натпреварите во ниските лиги во голема мера се одложени, но љубителите на фудбалот може да се радуваат поради фактот дека натпреварите во Премиер лигата денеска ќе се одиграат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Организаторите на натпреварите направија се само да ги оспособат терените за денешните натпревари, а тоа го направија со барање помош од навивачите. Имено, Вотфорд вчера ги повика сите навивачи кои сакаат да помогнат за да го очистат снегот да дојдат во раните утрински часови за да им помогнат за стадионот да биде подготвен.

Повеќе од стотина навивачи се појавија на стадионот и за помалку од два часа речиси се беше очистено. Останува уште само да се очистат трибините. Навивачите кои помогнаа добија бесплатен чај, доручек и карта за денешниот натпревар против ВБА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Готово: Конте и Наполи се договорија

Како што пренесуваат италијанските медиуми Антонио Конте од следната сезона ќе седне на ко…