Зинедин Зидан полека ја губи довербата од Мадриѓаните, а Флорентино Перез за секој случај подготвува негова замена.
Мадридските медиуми пишуваат дека Јоаким Лев би можел да биде следниот тренер на Реал, но ниту Зинедин Зидан не би минал лошо во тој случај.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имено, како што вечерва пренесуваат шпанските медиуми, ПСЖ е подготвен да му понуди на Зидан работна позиција доколку Унаи Емери не ја освои Лигата на шампионите оваа сезона.
Главната цел на Парижаните е трофеј во ЛШ, а од три прчини Зидан е прв избор на тимот.
Првата е неверојатниот резултат со Реал во тоа натпреварување, освои два трофеи во две сезони, единствен кој го одбранил тој трофеј.
Втората причина е што со работата со Реал веќе покажа дека поседува силен карактер да предводи тим предводен од голем број ѕвезди, а во што Емери потфрли.
Третата причина поради интересот за Зидан е тоа што клубот планира да го „националнизира“ тимот, тоа го покажа со доведувањето на Килијан Мбапе, а и планот оваа зима да се донесе Дијара, додека во летото Н’Голо Канте.