Дома Трансфер зона Ако пропадне трансферот на Ренато Санчез, Милан има резервен план

Ако пропадне трансферот на Ренато Санчез, Милан има резервен план

Раководството на Милан има план Б, во случај да не успеат да го комплетираат трансферот на Ренато Санчез од Лил, пренесува „Газета дело Спорт“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ренато Санчез има договор со „росонерите“, трансферот беше пред реализација, но во трката се приклучи Пари Сент Жермен, па Португалецот најверојатно ќе се пресели во Париз.

Поради тоа Милан има резервен план, а станува збор за младата ѕвезда на Астон Вила, Карни Чуквуемека.

Младиот англиски репрезнетативец со нигериско потекло, важи за најголем талент на Островот во моментов. Астон Вила сака да го задржи, но Чуквуемека влезе во последната година од договорот и нема намера да го продолжи.

Милан веќе стапил во контакт со неговиот агент и спрема понуда од 15 милиони евра за да го донесе на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…