Иван Ракитиќ во интервју за „Гоал“ зборуваше за својата кариера и за Лионел Меси.
Ракитиќ помеѓу двата мандати во Севиља настапуваше за Барселона од 2014 година до минатата и во тој период освои 13 трофеи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Фудбалерите секогаш сакаат да се натпреваруваат со најдобрите и да уживаат во играта, а кога во тимот го имате најдобриот тогаш се е полесно. Беа тоа неверојатни шест години, многу научив. Лео девет сезони постигнува најмалку 30 голови. Ако тоа што тој го прави го правите на видеоигра ќе ви кажат дека мамите“, изјави Ракитиќ.
Ќе потсетиме, договорот на Меси со Барселона истекува на крајот на оваа сезона, а Ракитиќ се надева дека Лео и понатаму ќе биде дел од Барселона.
„Не знам што ќе одлучи, но се надевам дека ќе остане. Не само во Барселона, неговото останување е добро за целиот шпански фудбал. Му посакувам се најдобро како пријател и поранешен соиграч, него и на неговото семејство“, порача Ракитиќ.