Дома Трансфер зона Ако за Наполи е многу 42 милиони за Родригез има клуб за кој тоа не е „ништо“

Ако за Наполи е многу 42 милиони за Родригез има клуб за кој тоа не е „ништо“

Во ПСЖ сакаат да ги искористат неуспешните преговори на Реал и Наполи.

Тренерот на Наполи Карло Анчелоти имаше голема желба повторно да соработува со Хамес Родригез и фудбалерот сакаше да се пресели во Неапол. Меѓутоа преговорите на релација Неапол-Мадрид се најдоа во „ќорсокак“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид инсистираше на откупна цена од 42 милиони евра бидејќи премногу вложи во човекот кој блесна на Мундијалот во Бразил во 2014 година. Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис пак беше за позајмица со можност за откуп од 42 милиони евра.

После се што се случи ситуацијата будно ја следи ПСЖ и „светците“ се спремни да го исполнат она што го бара Реал.

„Знам дека постојат три или четири клуба кои го сакаат Хамес. За жал често трансферите не зависат од играчите. Тие можат да изразат желба, но на крајот се се сведува на финансиските услови. Преговорите со Реал не се лесни. Тие сакаат многу пари и тоа веднаш“, изјави за француските медиуми поранешната жена на Хамес Родригез, Даниела Оспина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…