Дома Фудбал Ако Астон Вила победи во натпреварот на сезоната, Џон Тери ќе биде награден

Ако Астон Вила победи во натпреварот на сезоната, Џон Тери ќе биде награден

Постои веројатност легендарниот фудбалер на Челзи повторно да го гледаме во Премиер лигата.

Доколку Астон Вила го совлада Фулам во финалето од плеј-офот во сабота на „Вембли“, Џон Тери ќе добие продолжување на договорот.

Искусниот дефанзивец ќе биде награден со нов едногодишен договор, што значи дека ќе го гледаме повторно во Премиер лигата наредната сезона.

Интересно е што во тој договор ќе постои клазула дека нема да биде во составот кога овој клуб ќе игра против Челзи.

Секако, за тоа да се случи прво Вила ќе мора да слави во натпреварот вреден 180 милиони фунти против екипата на Фулам.

Информацијата за наградата на поранешниот капитен на „сините“ ја пренесува реномираниот „Телеграф“, па не би требало да се сомневаме во вистинитоста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Палас му поставува нова пречка на Ливерпул: Сар пред нов договор?

Ливерпул летово доби негативен одговор за понуда од 50 милиони фунти за Исмаила Сар, а Кри…