Дома Фудбал „Ако антидопинг телото си ја врши работата, господинот Ѓоковиќ мора да биде суспендиран“

„Ако антидопинг телото си ја врши работата, господинот Ѓоковиќ мора да биде суспендиран“

Новак Ѓоковиќ и неговите соиграчи од српската Дејвис куп репрезентација одбија допинг тест пред четвртфиналето против Велика Британија во четвртокот.

Најдобриот тенисер на светот, за многумина најдобриот на сите времиња, ги критикуваше методите на претставниците на светската антидопинг агенција. Сега тој самиот е на удар.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ѓоковиќ беше критикуван дека одбил да биде тестиран пред натпреварот од поранешниот француски велосипедист Марк Мадио, денес директор на тимот Groupama-FDJ. Тој смета и дека Ѓоковиќ мора да биде казнет.

„Имаме контролно правило пред и по натпреварот. Ако антидопинг телото си ја врши работата, господинот Ѓоковиќ мора да биде суспендиран. Во велосипедизмот одиш на тест, ако одбиеш тестот е позитивен, ако е така тогаш си казнет. Немате право да одбиете тестирање, тоа е правило“, рече Медиот и објасни зошто мисли така:

“Во асортиманот на допинг производи, има и такви кои можат да се откријат во многу ограничено време. Доколку не се тестирате пред почетокот на натпреварот, трагите од овие производи може да се отстранат за време на натпреварот. Затоа тестирање пред натпревар беше воведено. Нереално е дека тој е само предупреден“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Жесток судир во тунелот на „Сан Сиро“: Погледнете ја пресметката меѓу Спалети и Киелини со судијата (Видео)

Голема напнатост го обележа полувремето на дербито помеѓу Интер и Јувентус (победа на Инте…