Дома Фудбал Италија Ако Алегри замине, Јувентус има спремна замена – и тоа каква

Ако Алегри замине, Јувентус има спремна замена – и тоа каква

Веќе подолго време се шпекулира дека Макс Алегри на крајот на сезоната може да го напушти Јувентус, а поразот од Реал Мадрид само ги засили шпелулациите.

Многу е веројатно Алегри да го напушти Јувентус на крајот на сезоната, а некои медиуми тврдат дека веќе се договорил со Челзи.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Денес пристигна потврда и од Италија дека „старата дама“ веќе се спрема за следната сезона и за разделба со Алегри.

Наводно „бјанконерите“ сакаат да направат реконструкција и подмладување на тимот, а најголемата желба за клупата е Карло Анчелоти.

Анчелоти е слободен после отказот во Баерн Минхен и во неколку наврати истакна дека очекува понуди.

Ова за него би било враќање во поранешниот клуб, каде не помина славно и беше избркан во 2001 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Алегри не се откажува од идејата да го донесе Влаховиќ во Милан

Милан воспостави нов контакт со Душан Влаховиќ, бидејќи Макс Алегри сака повторно да работ…