После 13 години во Баерн Минхен, Давид Алаба си заминува.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дефанзивецот подолго време преговараше за нов договор, но на крајот двете страни не пронајдоа заеднички јазика и фудбалерот неодамна и официјално соопшти дека си заминува на крајот од сезоната.
За ситуацијата со Алаба сега се огласи и поранешниот фудбалер на Борусија Дортмунд и Баерн Минхен. Тој порача дека Алаба си оди од Баерн поради пари.
„Си оди заради пари и можам да го разберам. Има 28 години и ќе потпише на 4-5 години. Ако каже дека си заминува поради друго нешто лаже. Плус неколку милиони играат голема улога. Како и да е не може да му замери, сигурно многумина на негово место би постапиле исто. И јас си заминав од Баерн поради пари, сепак преселбата во Италија беше добра и на спортски план“, потенцираше Колер.