Дома Македонски спорт Мак фудбал Академија Пандев ги претстави првите две засилувања

Академија Пандев ги претстави првите две засилувања

Агрон Руфати и Марио Врдољак се првите засилувања во зимскиот преоден рок за Академија Пандев.

Агрон Руфати има 23 години и е поранешен младински репрезентативец на Македонија и игра на позицијата централен дефанзивец.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Академија Пандев доаѓа како слободен играч, а последен клуб за кој настапувал е Академија Клинчени (Романија). Во својата кариера има настапувано и за екипите на Зорја (Украина) и Истра (Хрватска).

Марио Врдољак е искусен 29-годишен играч за врска. Хрватскиот интернационалец доаѓа како слободен играч, а последно има настапувано заедно со Руфати во Академија Клинчени.

Во својата интернационална кариера настапувал за повеќе клубови меѓу кои италијанските клубови Гросето, Бисчеглие, Пичерно, босански Олимпик Сараево…

Пред два дена ќе потсетиме, Академија Пандев го именуваше Ацо Стојков за нов спортски директор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…