По шест сезони во највисокиот англиски ранг, Барнли минатата сезона испадна од друштвото на најдобрите во Англија. Сепак, враќањето во елитата за овој клуб клуб беше многу брзо.
Во клубот веќе бараат играчи кои би требало да бидат гаранција дека Барнли нема повторно да испадне од елитниот ранг, па затоа веќе размислуваат на засилувања. Тренерот Компани наводно смета дека поранешниот негов соиграч од репрезентацијата на Белгија, Еден Азар може да биде одлично засиулување.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Најскапиот играч во историјата на Реал Мадрид, а воедно и најголемото промашување би можел да се врати во Англија каде што настапуваше во дресот на Челзи.
Новинарите го запрашаа Компани за Азар и тој имаше само пофални зборови.
„Тој се уште е играч кој може да постигне гол во финалето од Лигата на шампионите и да освојува титули. И понтаму е магичен играч. Мораме да му посакаме се најдобро и треба да има крај на кариерата каков што заслужува. Тој крај не е блиску, повредите му правеа проблеми, но тоа не може да се контролира. Азар е играч кој ја правеше Белгија горда, пружи на земјата многу среќни моменти“, изјави Компани.
Откако Азар е во Реал се соочи со многу повреди, па затоа собра само 73 настапи во кои постигна седум голови и 12 асистенции.
Ќе потсетиме, член на Барнли во овој момент е македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.